Индиската хит серија „Малечката невеста“ е популарна дневна серија во Македонија, но во Србија, таа се смета за една од најгледаните серии заедно со „Бандини“. Додека кај нас оваа серија привлекуваше поголем број гледачи кога малечката невеста сеуште беше „малечка“, во Србија е обратно. А, неочекуваната популарност на серијата доведе и до неочекувани моменти – Малечката невеста доаѓа во Србија!
Имено, индискиот сајт Deccan Chronicle известува дека актерката што го толкува ликот на Ананди, била повикана како почесен гостин во Србија. Продукцијата што го воспоставила контактот во Индија е подготвена да организира собир на фановите што сакаат во живо да ја погледнат нивната омилена индиска актерка.
Во статијата на споменатиот портал е наведено дека продукцијата е известена оти нивната серија е многу популарна во источниот дел на Балканот, па како самата актерка, така и останатата екипа, изразуваат благодарност и задоволство за вниманието што им е посветено. Останува само да се договори точниот датум за посетата на оваа актерка во соседна Србија.
Инаку, „Balika Vadhu“ во Македонија се емитува на Сител телевизија, во Србија на Пинк, а исто така ја гледаат и гледачите во Босна и Херцеговина и во Албанија. За оваа серија досега се снимени 1.049 епизоди, а снимањето сеуште е во тек.
Chris | ТВ Пакет