Мемо и Џан доаѓаат на Сител. Близнаци, разделени од самото раѓање.
Од една страна го запознаваме слаткиот Мемо. Тој живее во едно сиромашно предградие заедно со неговата мајка Мелек и забавниот вујко Осман.
Деновите ги минува собирајќи хартија по улица, продавајќи вода и чистејќи стакла на автомобили, со цел да заработи некоја пара за дома. Но и како секое дете, обожува да игра на улицата со другарчињата и запаѓа во најразлични згоди и незгоди заради неговиот палав дух.
Од друга страна, ни се отвора светот на Џан. Сосема поинаков од оној на Мемо.
Џан живее во вилата на неговиот богат дедо, заедно со неговиот благороден татко, бизнисменот Онур. Онур одамна го загубил неговото друго синче и сега, сето внимание го посветува на Џан. Џан е опкружен со слуги, учители и раскош, па затоа нема ни претстава како живее неговиот брат близнак.
Судбината одамна си поиграла со овие деца и нивната фамилија, така што Мемо бил киднапиран и разделен од вистинското семејство.
Сега, 12 години потоа, една случајна средба ќе ги пресретне погледите на двете деца. Близнаците ќе бидат соочени со сенките од минатото кога нивните очи ќе се погледнат меѓусебно. Доаѓа време на откривање на тајните и време на весели ситуации со двајцата близнаци.
Мемо и Џан навестуваат урнебесни авантури кои ќе спојат едни срца и ќе отворат волшебен свет на игри, забава и смеа. Наскоро на Сител започнува новата турска комедија за двајцата “Близнаци”.
Дани | ТВ Пакет