Почетна / Сапуници / Онур од „Наследници“: За повеќе фанови, морам и да се соблекувам

Онур од „Наследници“: За повеќе фанови, морам и да се соблекувам

Фуркан Палали е турски актер и модел, кој што го гледаме во главната улога во романтичната комедија “Наследници” на Сител.

За време на неговите факултетски денови, Фуркан Палали ја започнал својата кариера како модел во агенција, со седиште во Анкара, каде се запишал со поддршка на негов пријател кој работел исто така како модел во таа агенција.

По дипломирањето на универзитетот, тој ги проценил понудите од истанбулските модни агенции и сепак решил да потпише договор со агенцијата на Селин Боронкај (2010 година).


По вработувањето во агенцијата, Палали започнува да снима многу модни ревии и каталози, но исто така учество зел и на натпреварот за најдобар модел на Турција за 2011 година, каде што и победил.

Така, стекнал можност да ја претставува неговата земја на изборот за Најдобар модел на светот.

Победил и на тој натпревар, по што станал светски признато име во таа бранша.

Освен моделство, Палали одреден период се занимава и со актерство, иако нема завршено факултет за глума. Особена популарност стекнува со улогата на богаташот Онур во “Наследници”, а во главна улога го следевме и во крими серијата “Црвеното јаболко” (ТВ 21).

За себе ќе каже дека е доста самоуверен, постојано работи на своето тело, а сонува за жена која ќе се облекува убаво и соодветно на приликите.

Жолтиот печат го спојуваше со партнерката од “Наследници”, но и двајцата го демантираа тоа.

За улогата во турските комедии, тој е одлучен и да се соблече за да го покаже своето тело, како би стекнала серијата поголема фан база.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!