Уште во декември започна најава на Алфа телевизија за нов руски ситком “Фитнес”, кој требаше да започне наскоро, како што се велеше во промото.
Долго време, сѐ до почетокот на февруари, гледачите секојдневно ја следеа најавата за комичната серија и се прашуваа кога би почнала конечно. Но, по два месеци рекламирање, наместо да започне со емитување, одеднаш… Алфа го тргна промото за “Фитнес”, и од серијата веќе нема ни трага ни глас.
Истото се случува и со уште руска серија, и тоа крими драмата “Хотел Русија” која Алфа ја најавуваше дека ќе стартува од 19 февруари. 19 февруари беше и помина, но од “Хотел Русија”, не видовме ни “Х”. Нормално, промото за серијата повеќе не се емитува.
Зошто телевизија Алфа најавува содржини кои воопшто не ги емитува? Дали гледачите и читателите на ТВ Пакет заслужуваат да знаат кога ќе почнат сериите кои се најавувале и ги очекувале?
| ТВ Пакет