Почетна / Живот / Елена Лука со авангардни венчаници на Саем за венчавки 2020

Елена Лука со авангардни венчаници на Саем за венчавки 2020

Со модна ревија на венчаници од повеќе домашни дизајнери и модни куќи, беше отворен 10. по ред Саем на венчавки во хотелот Александар Палас, кој на 22 и 23 февруари е домаќин на сите идни младенци кои се подготвуваат за својата свадбена церемонија.

Како сцена од бајка, во „белата соба“ на Елена Лука се сместени маркантните и беспрекорно дизајнирани венчаници од модниот бренд, чија препознатливост е секогаш во уникатниот пристап при создавањето на комплетната модна приказна.

Вечерва имавме едно навистина фантастично отворање на годинешниов саем на венчавки. Нашите идни невести и годинава ќе ги пречекаме во еден  раскошен амбиент на штандот на Елена Лука, како што и заслужуваат. Новата линија на венчални фустани е вистинска магија, а во тоа ќе се уверат сите што ќе имаат можност да не посетат утре и задутре (сабота и недела) во хотелот Александар Палас. Тимот на Елена Лука ќе им биде на располагање за сите детали што ќе ги интересираат, а не се сомневам дека токму потписот на Елена Лука ќе стои на венчаницата која ќе биде нивниот совршен избор. Во нашата „бела соба“ секоја венчаница е свој посебен свет, носи уникатен карактер и токму тоа е нашиот препознатлив дизајнерски код. Ве покануваме да се дружиме овој викенд и да ја одбереме совршената венчаница за вас“, изјави г-ѓа Елена Пандева, сопственик и генерален менаџер на Елена Лука.

Во новата колекција венчаници се обединети актуелните тенденции за 2020 година со автентичниот дизајнерски израз карактеристичен за Елена Лука, доведувајќи ја целината до совршенство.

Богатата понуда вклучува авангардни венчални фустани изработени од луксузни материјали, со рачно декорирани детали, елегантни венчаници во лелеави кроеви, романтични со здолниште во А крој, па се до модели кои се водечки тенденции како оние со асиметрична линија или венчаниците кај кои акцентот е на карнерите… Воодушевувачки, гледано од секој аспект.

Секоја венчаница е со свој специфичен сензибилитет во кој се обединети елеганцијата, авангардната естетика и уникатниот дизајн, сон на секоја невеста.

Една исто толку фасцинантна венчаница од Елена Лука, која ја следи женската силуета, дефинирана со уникатни рачно изработени детали, на вечерашната модна ревија носеше Елеонора Миљковиќ која се појави во улога на модел за брендот.

Сите идни невести што ќе го посетат саемот ќе имаат можност одблиску да ја почувствуваат магијата на венчаланите фустани на Елена Лука, да се информираат за сите детали, да добијат ексклузивни попусти, а секако омилените модели ќе може да ги пробат на себе.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!