Почетна / Сапуници / „Другото име на љубовта“, нова хрватска драма на Сител
"ДРУГОТО ИМЕ НА ЉУБОВТА" - нова хрватска серија на Сител телевизија -

„Другото име на љубовта“, нова хрватска драма на Сител

Од понеделник до петок, по “Истанбулската невеста” ќе се емитува најновата хрватска теленовела “Drugo ime ljubavi”, која многумина ја споредија со популарните “Златни двори” и “Чиста љубов”.

Ова е приказна за Лола, убава и паметна девојка, на која пред десет години ѝ беше одземено штотуку роденото бебе. А сега, судбината решава да ѝ помогне да го врати она што одамна е изгубено и да го открие другото име на љубовта.

Таа бега од тешкото минатото во кое посесивно сака да ја задржи проблематичниот Игор, татко на нејзиното детенце. Тој е човек кој годините ги минал зад решетки, а сега излегува и е решен да ја поврати љубовта кон Лола и никогаш повторно да не ја изгуби. Но, за да ја врати неа, ќе мора да го врати и нивното дете. По 10 години, Лола конечно наоѓа трага која ја носи до детето, но за да го поврати, ќе мора да се одрекне од сè, па дури и од своето име.

Нејзиниот живот се менува во моментот кога во него се враќа Игор, но и моментот кога девојката го запознава Саша. Саша е она што Игор не е и за момент се чини дека тоа е човекот кој ќе ѝ го промени животот на убавата Лола.

Но, она што таа не го знае е дека успешниот и великодушен Саша е дел од семејството, обвиткано со тајни, интриги и злоба. Саша ги прекинал своите врски со семејството, но сега се враќа за да биде крај болната мајка, а пак таа… Лола, своето семејство допрва ќе треба да го обедини и создаде.

Сенките од минатото ги водат Лола и Саша до тоа место, до селото каде е сместен дворецот на моќната фамилија на Саша, чиј банкрот, распад и корумпираност е главна вест во државата. Воедно тоа се оние кои го кријат злосторството за кое некој треба да одговара и оние кои ќе ги држат конците постојано понатаму.

Кога Лола сфаќа дека исчезнувањето на нејзиниот син е поврзано со семејството на Саша и дека детето ѝ е поблиску од што може да замисли, решена е да се не се откаже и да се бори. Но, доколку се открие која е, Лола е свесна дека во секунда може повторно да го изгуби она кое сега е на чекор да го пронајде.​

Нова хрватска драма, од понеделник до петок во 20.45 часот на Сител – “Другото име на љубовта”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!