Почетна / Сапуници / Прочитајте ја содржината на луксузната драма „Забрането јаболко“

Прочитајте ја содржината на луксузната драма „Забрането јаболко“

Oд понеделник до петок во 19.40 часот на Канал 5 телевизија се емитува најновата луксузна драма “Забрането јаболко”. Привлечна приказна со атрактивна актерска екипа, за која во продолжение потсетете се како започна :

Зејнеп и Јилдиз се две сестри, кои живеат скромен живот во едно истанбулско предградие. Иако се сестри, тие двете се сосема различни. Зејнеп е мила, вредна и совесна, која се води по моралните правила на животот. Кога компанијата во која работи е превземена од друг конзорциум, таа е приморана да започне да работи како асистентка на богатиот бизнисмен Алихан, арогантен и сериозен човек со ледено срце.

Нивните први средби и соработки поминуваат во кавги, во кои никој не отстапува од своите ставови, и токму тоа ќе го натера Алихан да се вљуби во Зејнеп. Но, и таа во него.
Од друга страна, сестрата на Зејнеп, Јилдиз сонува за богатство и луксуз. Живот кој би ја спасил од сиромаштијата и секојдневната борба за егзистенција. Напуштена од богатиот дечко кој нема сериозни намери кон неа, Јилдиз нема да дозволи да ја совлада разочарувањето.

Еден сосема случаен ден ќе донесе вистинска промена во нејзиниот живот и ќе ги промени судбините на двете сестри. Тој сосема случаен и необичен ден, Јилдиз ја запознава дивата Ендер, фам фатал која е олицетворение на сето она што значи неморалното и опасно турско богато општество. Госпоѓата Ендер гази сѐ пред себе. Таа е жена без влакна на јазикот, која ја диктира најновата мода во Истанбул и ги организира најлуксузните забави на Босфорот.

Таа е жената за која многумина ќе кажат дека е “ѓаволот кој носи прада”. Опасната дива е мажена за богатиот и почитуван Халит и живеат во богатата вила на Аргунови, но нивниот брак функционира само формално. Таа сака да се разведе од него, а притоа не сака да го загуби социјалниот и финансиски статус кој го ужива во таа средина.

Знаејќи дека нејзиниот сопруг Халит од првите два брака се развел без никаков надомест кон бившите жени, овојпат Ендер се плаши дека истото може и неа да ѝ се случи, затоа што Халит е лукав, пресметлив и интелигентен.

Но, нејзината интелигенција ја надминува неговата. Затоа, опасната божица на турскиот престиж ѝ дава на Јилдиз еден непристоен предлог – Вработи се како асистентка на маж ми, заведи го и ќе добиеш многу пари. А јас, ќе имам докази за пред суд да можам да се разведам и да му ја земам империјата.

Јилдиз ја прифаќа понудата на Дона Ендер, и така нејзиниот живот се вплеткува со оној на богатите Аргунови. Но нема да се промени само нејзиниот живот, туку и оној на сестра ѝ Зејнеп, која исто така станува дел од интригите и заверите на богатата босфорска фамилија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!