Низ триесет епизоди, исполнети со музика, забава, дружење, перипетии, интриги, задоволства и незадоволства, ќе се забавуваме повторно со згодите на Јован, Филип, Тео, Наташа, Саша, Кики и многу други деца, на возраст од 6 до 11 години.
Популарното детско шоу од деведесетите „Дајте Музика“ минатата година создаде нова revival верзија со која Македонската телевизија им понуди на децата нова содржина за забава и едукација.
Овој период, додека децата се дома, МТВ нуди повторна шанса за уживање во авантурите на јунаците од Старо Маало. Гледајте “Дајте музика” од понеделник до петок во 18.25 часот.
Дани | ТВ Пакет