Премиерно светско телевизиско прикажување на МТВ1 – „ВРБА“ на Милчо Манчевски. Три приказни, три мајки, три различни судбини. Едната средновековна, двете современи, а сите од срце. Мајка не е таа што раѓа, мајка е таа што сака.
Во филмот игра млада екипа, актери како Сара Климоска, Никола Ристески, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев и Камка Тоциновски, а во останатите улоги се појавуваат Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ и други. Музиката ја потпишува Кирил Џајковски, дизајнер на продукција е Дејвид Манс, директор на фотографија е Тамаш Добош, а продуцент на филмот е Јане Ќортоше.
„Врба е љубовен филм за денешни и дамнешни души. Не е важно која е темата или пораката на едно уметничко дело, важно е тоа да те допре, расплаче, насмее или налути. Иако ги раздвојуваат векови, ликовите во „Врба” имаат слични грижи, радости и соништа.“, знае да каже режисерот Милчо Манчевски.
Гледајте ја премиерата во недела (29 март) во 22:00 часот.
https://www.facebook.com/mtv1.promo/videos/192124082220590
Дани | ТВ Пакет