Почетна / Забава / Филхармонија со симфониски концерти на социјалните медиуми

Филхармонија со симфониски концерти на социјалните медиуми

Филхармонија започна со емитување на дел од своите симфониски концерти на социјалните мрежи, кои можат да се најдат и на Јутјуб каналот, некои од нив реализирани во соработка со Македонската радио-телевизија.

Поради состојбата во која што се наоѓа и нашата земја, и поради неможноста да се изведе концертната програма во живо, нудиме алтернативна варијанта за сите оние кои сакаат да уживаат во класичната музика и во изведбите на нашите филхармоничари и исклучителните диригенти и солисти кои гостуваа на сцената на Филхармонија. – известуваат од Филхармонија.
Серијата емитувања започна со феноменалниот концерт „Моќта на Заратустра” и изведбата на едно од најмоќните дела во класиката – „Така зборуваше Заратустра” на Рихард Штраус, под водство на врвниот маестро Антони Вит.

Освен концертите кои се составен дел од официјалната програма, Филхармонија секоја сабота на Јутјуб каналот и на социјалните мрежи ќе ги емитува и Концертите за деца. Следуваат уште многу возбудливи музички патувања со оркестарот на Филхармонија како дополнителен мотив и сатисфакција да останете дома и да ги почитувате препораките!

#СедиДомаСоФилхармонија

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!