Почетна / Сапуници / Фото | Ова е хотелот каде е снимана гламурозната драма „Велвет“

Фото | Ова е хотелот каде е снимана гламурозната драма „Велвет“

Фановите на квалитетните играни продукции се оддушевени од новата шпанска драма “Велвет”, која од понеделник до петок се емитува на телевизија Телма. Во златното доба на високата мода, Телма ни претставува една гламурозна палата која била предизвик да се посети барем еднаш.

Зад сиот луксуз и гламур на галериите “Велвет”, следиме една забранета романса на двајца млади од различни општествени класи. Но, каде се наоѓа тоа царство иградено од свила, сензуалност и заводливост? Дали навистина постои толку грандиозен објект во Шпанија?

Одговорот е да. Се работи за огромен хотел во Мадрид, на најпознатата улица Гранд Виа. Хотелот “Cibeles” е местото каде се снимаше хит серијата “Велвет”, кој за потребите на снимањата, го долови ефектот и амбиентот на шпанската архитектура и живот од 50-тите години на минатиот век.

Зградата е дизајнирана во 1921 година од архитектот Антонио Паласиос Рамило, изградена од 1921 до 1924 година, а е отворена како хотел “Алфонсо XIII”. Денес, тоа е луксузен хотел, со фантастична панорама над Мадрид и место кое многумина сакаат да го посетат.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!