Дел од кумановските естрадени уметници преку видео порака упатија поддршка до своите сограѓани кои минуваат низ тешки денови, во полициски час од 56 часа, и дополнителни рестриктивни мерки веќе од понеделник.
Маргица Антевска, Нино Величковски, Ариф Зибери, Ивона Јовановиќ, Марио Арангеловски, Мартија Станојковиќ и Мартинијан Кириловски заедно со Мерима Његомир изразија поддршка преку песна до граѓаните на Куманово. Видеото на својот Фејсбук профил го објави градоначалникот Максим Димитриевски.
https://www.facebook.com/MaksimDimitrievskiOfficial/videos/1335234680007763/?t=186
Голема благодарност до сите пријатели на нашиот град за сета поддршка која ни ја даваат во овие моменти. Останете дома и следете ги препораките, напиша тој.
Дани | ТВ Пакет