38 годишниот Мигел Анхел Силвестре е шпански актер, познат за македонската гледачка публика како шармантниот сопственик на модното царство од хит серијата “Велвет” која се емитува на Телма телевизија.
И додека во “Велвет” ја гледаме неговата страствена врска со кројачката Ана, актерот за Нетфликс ja сними серијата “Sense 8”, каде толкува улога на хомосексуалец. Во серијата, тој дели страствени бакнежи и секс сцени со неговиот колега Алфонсо Ерера (“Бунтовници”).
Сепак, тоа е само серија. Актерите многу професионално ги одиграле улогите на геј пар, со што ги добија заслужените пофалби од критиката.
Дани | ТВ Пакет