Претендирајќи да биде модерен јавен сервис кој има значајно место на медиумската сцена, а со цел реализација на препораките од Владата на Република С. Македонија, ЈРП Македонската Радио Телевизија почнува со емитување на Детскиот канал на МРТ – МРТ 5, нов ТВ програмски сервис од јавен интерес.
Следењето на мислењето и реакциите на јавноста, ја наметна потребата од специјализирани програми наменети за прецизен таргет на публика.
Содржини за деца и млади ќе бидат основа за креирање на програмската шема на Детскиот канал на МРТ каде веќе се емитуваат репризно детските содржини кои неколкупати се прикажувале и на првиот канал.
Па така, гледачите повторно, но на нова фреквенција, ќе имаат можност да ги следат детските цртани серии Дора, Диего и Лалалупси, домашните играни продукции Пет плус фамилија, Си беше еднаш, Дајте музика, Бушава азбука и Светот на Биби, како и репризи на детски музички фестивали и театарски претстави.
Овој нов предизвик за МРТ, всушност претставува континуитет на улогата и влијанието што го има Образовната програма на МТВ во формирањето на личноста на децата и младите луѓе и во градењето на нивниот критериум за вистинските вредности.
https://www.facebook.com/mtv1.promo/videos/1141169672887304/?t=6
Современиот пристап во изборот на содржините кои едуцираат, информираат и забавуваат, како и понудата на сите жанрови програма за деца, се гаранција дека Детскиот канал – МРТ 5, ќе има голем број ТВ конзументи од целната група.
Дани | ТВ Пакет