Мексиканската трилер серија со повторно репризирање на прва Скопска МТМ телевизија и ова лето, секоја сабота и недела од 20 часот. 20 епизоди, 20 возбудливи “Приказни од самракот” повторно на програмата на МТМ во недостиг на премиерна програма која треба да биде понудена за гледачите.
Што може да направи една жена кога ќе се најде киднапирана oд непознати луѓе и одведена во најмрачните студени одаи? Какво е чувството да се биде соочен со смртта и да знаеш дека можеш да преживееш, само и само ако ги убиеш другите заложници?
Заледува ли крвта кога ќе се разбудиш во морничава хотелска соба, не знаејќи како си стигнал дотаму, и како можеш да излезеш одтаму? Може ли една обично вечерно излегување со пријателите да ти се претвори во најбизарниот кошмар? И кој стои зад сето тоа и со која цел? Кој сака да се забавува со вакви свирепи злосторства?
Адреналин од опасните ситуации во кои ќе се најдат обичните луѓе е она што го гледавте во оваа трилер драма. Кога сонцето ќе зајде, месечината ги навестуваше најстрашните приказни од самракот. “Приказни од самракот” по 4. пат на оваа фреквенција. Очигледно МТМ смета дека гледачите треба на памет да ја научат серијава?
Дани | ТВ Пакет