Се сеќавате ли на девојката која се облекуваше како кловн и зборуваше со нејзината кукла? Се сеќавате ли на една прекрасна приказна за милата Антонела, емитувана многу одамна на А1 телевизија?
Класични елементи на теленовела, комбинирани со комедија беа пресудни за оваа серија да им се допадне на милиони гледачи кои ја погледнаа во раните деведесетти.
И гледачите во Македонија беа меѓу првите кои уживаа во животната сторија за младата и откачена Антонела, чија најголема желба беше да стане актерка и затоа постојано го глуми кловнот во детските претстави, засмејувајќи ги на тој начин децата кои ја обожуваат.
Работејќи како аниматорка по детски забави и веселби, го запозна богатиот Николас и се вљуби во него. Се вработува во неговата богата куќа како негувателка на неговата баба Лукреција Корехо Мехија и набрзо ги освои срцата на многумина во куќата.
Нејзината љубов со Николас е постојано со кавги и надитрувања. Но во куќата, Антонела ќе открие многу тајни од нејзиното минато, корумпираност, моќ, игри на лаги и една трагедија ќе ја раздели од Николас и од тој момент Антонела одлучува да се одмазди и да го уништи Николас, па затоа се втурнува во комплицираниот живот на високото општество и моќните бизнисмени.
Таа се обидува да ги уништи сите што и наштетуваат, но и самата постојано ќе биде уништувана…Против неа остро ќе застанат Гастон, братот на Николас, Миранда, свршеницата на Николас и Артуро, психопатот батлер кој е лудо вљубен во Николас.
Дани | ТВ Пакет