Почетна / Филм / Шпански трилери, холандска и грчка драма оваа недела на Алфа

Шпански трилери, холандска и грчка драма оваа недела на Алфа

Телевизија Алфа продолжува со нови интересни филмови, секоја ноќ по полноќ. Во последната недела од април, следуваат интересни шпански хорори, грчка социјална драма, и американска биографска драма.

недела (26 април) – “Тајните на војната” (Oorlogsgeheimen)

Пријателството на двете деца 12-годишните Тур и Ламберт има нов предизвик. Тоа е еврејското девојче Марта која се крие од Германците и му верува на Тур, бидејќи неговиот татко е член на движењето за отпор, а таткото на Ламберт е соработник на Германците. Бидејќи чувствува дека Марта не го сака, Ламберт му открива ја на татко му навидум безопасната тајна.

Откако Марта е откриена и депортирана, Ламберт решава да му помогне на Тур да избега со семејството преку тајната пештера.

понеделник (27 април) – “Последната станица Фрутвејл” (Fruitvale Station)

„Станица Фрутвејл“ ја прикажува вистинитата приказна за Оскар Грант, 22-годишен жител на Сан Франциско, кој се разбудил едно утро на 31 декември 2008 година и почувствувал нешто во воздухот. Без да знае што е тоа, тој го сфатил тоа како знак да ги оствари своите ветувања: да ѝ биде подобар син на својата мајка, чиј роденден е на Нова година, да ѝ биде подобар партнер на својата девојка Софина, кон која не бил баш искрен во последно време, како и да ѝ биде подобар татко на Татјана, нивната прекрасна 4-годишна ќерка.

Вкрстувајќи ги патиштата со пријателите, семејството и со непознати луѓе, Оскар добро го почнува денот, но подоцна сфаќа дека промената нема лесно да дојде. Неговите ветувања добиваат трагична насока кога полицајци ладнокрвно го застрелуваат на станицата „Фрутвејл“ на подземната железница, точно на Нова година. Животот и трагичната смрт на Оскар сосема ќе го потресат Сан Франциско, но и целата нација.

вторник (28 април) – “Сега или никогаш” (Ahora o nunca)

Шпанска традиционална венчавка каде што ништо не оди како што треба. Најсреќниот ден ќе се претвори во комедија на згоди и незгоди.

Од младенците, до гостите, сите работи од самиот почеток на планирањето на свадбата, тргнуваат наопаку.

среда (29 април) – “Oчите на Хулија” (Los ojos de Julia)

Шпански хорор во продукција на големиот режисер Гилермо Дел Торо. Филмот е номиниран за бројни награди на европски филмски фестивали. Приказна за една жена, која полека го губи видот додека се обидува да ја испита мистериозната смрт на нејзината сестра близначка.

Таа се самоубила под сомнителни околности, но нејзината сестра не верува дека тоа било така.

четврток (30 април) – “Без излез” (Sin salida)

Хуан де Лос Сантос, е поранешен таен полицаец од Парагвај, кој е подготвен да го сруши најголемиот картел за наркотици во Латинска Америка, ни ќе изгуби сè; сопругата и децата кои се брутално убиени. Хуан, и самиот е тешко ранет. Тој е подготвен да преземе било каква работа за да ја ублажи трагедијата. Почнува да работи во ноќен клуб, во кујна, но открива дека клубот е место каде се одвива трговија со дрога.

Новата смртоносна дрога, комбинација од кокаин и екстази се шири на север преку континентот, проследено со трговија со луѓе. Ангела е дел од шемата за трговија со луѓе и нејзината средба со Хуан ја навлекува мафијата која по секоја цена сака да ги ликвидира како опасни сведоци.

петок (1 мај) – “Различни светови” (Ένας άλλος κόσμος)

Во денешна Грција, додека социоекономските превирања ја уништуваат Јужна Европа, се одвиваат три различни приказни, и секоја претставува приказна на една поинаква генерација на млади кои се вљубуваат во странци, за да на крајот трите приказни се спојат во една.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!