Повеќе-децениската забрана на секупарната власт – телевизиските водителки на вестите да не носат фереџе, е укината од Египетската државна телевизија, јавува ТВ Алфа.
Фатма Набил е првата жена која по половина век ги презентираше вчерашните (неделни) вести со марама, што и ја покри главата. Директорот на телевизијата смета дека токму овој потег ќе ги охрабри жените да носат вел, а коишто тоа досега не го правеле оти стравувале дека ќе ја загубат работата. Во изминатите години некои од водителките поднесоа тужби и добија во своја полза, но сепак не можеа да се појават на телевизија со прекриени глави.
Chris | ТВ Пакет