Еден од најголемите надежни музичари на Македонија пред нов предизвик во корона кризата. Најмладиот македонски вокалист Никола Станишиќ заедно со неговите колеги и пријатели од повеќе музички бендови успеаа да направат една заедничка преработка на познатата “Во Струмица на улица” која звучи навистина интересно и свежи, со оглед дека е изведена од квалитетни и моќни музички надежи.
Покрај Станишиќ, во видеото ги гледате и Тунџај Туна Шавлев, Ване Наумов, Мите Костов, Ченгис Садо и Дамјан Василевски. ТВ Пакет го исконтактира младиот Никола за изјава, при што пејачот со многу ентузијазам и позитива, одговори :
– Да, ви благодарам на интересот. Точно е дека овој препев излезе сосема неочекувано, но драго ми е што и вие, а и публиката се задоволни од сработеното. Мојот колега Тунџај Шавлев ми се јави и во еден непосреден телефонски разговор, ми предложи да снимиме преработка на една толку убава македонска песна како што е оваа за Струмица. На негова иницијатива, ете прифатив и се договоривме да приклучиме и други наши другари, инаку одлични музичари, и да ја направиме песната баш како што требa.
Со преработката на ,,Во Струмица на улица’’, овие млади музичари докажуваат дека може да бидат и самостојна музичка група која има што да понуди на фолк сцената. Дали е можна и понатамошна нивна соработка, и можеби бенд во кој со здружени сили ќе настапуваат во иднина, останува да почекаме и да видиме. Во продолжение, погледнете како звучат овие дечки заедно :
https://www.facebook.com/TuncayTunaShavlev/videos/2589250604667876/?t=0
Дани | ТВ Пакет