Почетна / Филм / „Луѓе без земја“, „Контакт“, „Кобра“ … празнично на Телма

„Луѓе без земја“, „Контакт“, „Кобра“ … празнично на Телма

И овој празничен викенд, Телма продолжува со емитување на македонски филмови од современата историја.

петок (1 мај 2020), 19.15 часот – “Кобра”

Филм за животната приказна на борачката легенда на Македонија, Шабан Трстена. Документарниот филм по сценарио и режија на Игор Иванов ги прикажува подемите, падовите и големите успеси на Трстена, единствениот спортист од Македонија кој освои олимписко злато.

петок (1 мај 2020), 20.10 часот – “Луѓе без земја”

Приказната за Вера Фотева, една од најинтригантните женски фигури во македонската револуционерна историја, во играно-документарна верзија, во филмот „Луѓе без земја“ ќе биде прикажана во петок, 1 мај, во 20.10 часот на „Телма“. Филмот е во режија на Марко Ѓоковиќ, работен по сценарио на Атанас Кировски, и во продукција на Кировски и Сашо Пешев.

Во „Луѓе во земја“, револуционерката Фотева чие вистинско име е Евдокија Балева го дава своето последно сведоштво за филмската екипа, пред да почине во 2011. Својата драматична животна приказна, Фотева ја раскажува низ сеќавањата за импликациите од судирот меѓу Тито и Сталин врз македонското движење за време на Граѓанската војна во Грција.

Филмот ги прикажува нејзините животни предизвици и борби за време на конфликтот, голготата низ која минала во логорите во Албанија и гулаците во Сибир, како и престојот во московските затвори Лефортовскаја Тјурма и Лубјанка.

сабота (2 мај 2020), 19.15 часот – “Скопје ремикс”

Филмот е составен од 9 приказни, сместени во Скопје, изработени од 10 еминентни македонски режисери. Секој од филмовите обработува посебна љубовна тема или нејзин аспект начини.

Еден од поважните елементи е музиката и музичката сцена која што во последно време е во подем и која што е нераздвоен дел од овој омнибус.

недела (3 мај 2020), 19.50 часот – “Контакт”

Животна приказна во која настапува велешанецот Зоран Љутков Филмот е за двајца, чиј живот е на грешната страна. Никола Кољо е затвореник, а Лабина Митевска во невропсихијатрија. Тие двајцата се пуштени пред време од установите и немаат каде да одат, па заминуваат кај хотелиерот Петар Мирчевски.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!