Почетна / Сапуници / Прочитајте зошто „Белата робинка“ привлече големо внимание

Прочитајте зошто „Белата робинка“ привлече големо внимание

Од 6 мај (среда), нова латино приказна на програмата на Сител телевизија. Секоj ден во 17 часот, следете ја костимираната серија за “Белата робинка”.

“Белата робинка” е колумбиска теленовела, која зборува за ропството во Колумбија во една дамнешна епоха.

Ова е најскапо снимена серија во историјата на колумбиската телевизиска индустрија со 9,4 милиони долари инвестиција, со што ги надмина бројките инвестирани во други успешни серии како што се “Чапо” и “Пабло Ескобар”, кои го заземаат второто и третото место, соодветно.

Во однос на процесот на создавање, за Лилјана Боканегра, режисерка на серијата, ова било предизвик што не можело да се одбие. Снимањето било извршено на различни локации на брегот на Карибите, како и во центарот на Колумбија со цел да се одрази автентичниот амбиент на земјата од 19. век.

Санта Марта, Картагина, Вале дел Каука, Богота, Ла Гуаира, Меделин и околината на овие градови беа избраните локации за снимање….,

а уникатна шанса било и снимањето на хациендата каде Боливар ги живеел своите последни денови и токму за прв пат било дозволено снимање на еден таков објект.

Камерите користени за време на снимањата биле со F55 оптика, поддржани од кранови, дронови и дигалки….,

а за кастот на новелата, биле одбрани колумбиски актери со шпански нагласок, шпански актери со латино нагласок, а биле извршени и долготрајни обуки за воспримање на акцентот и дијалектите на зборување од тој дамнешен период.

Веб-страницата Elpulzo.com додава дека серијата „ги оправдува напорите и квалитетот на актерите Црнци“, кои не уживале доволен ангажман во националните продукции на Латинска Америка.

Визуелниот изглед на “Робинката” доби сјајни критики од фелата на телевизиските содржини. Сите се согласија дека продукцијата е моќна во однос на ефекти и пејсажи, како и дека убавината на афромажите и афрожените е неверојатна.

Веб страницата Laterminaltv.com ги пофали одличните воздушни снимки и прекрасни природни локации, а за Masguau.com, ова е уметничко дело, кое тивко нè превезува во една ера на спротивставеност меѓу богатите куќи на земјопоседниците со депресивните услови во кои живееле робовите.

Сепак, некои портали и филмски критичари забележале дека прменогу внимание се посветува на модните детали на робовите, што не соодејствува со историската стварност.

По премиерата на серијата, беа дадени многу коментари околу темата на ропството и начинот на нејзиното претставување. Некои од поплаките пред каналот Каракол се однесуваа околу казните на кои робовите беа подложени во серијалот, што ги опишува како насилни. Беше критикувана и вербалната агресија кон робовите при што некои сметаа дека квалификациите се користат за несоодветни.

Соочен со овие критики, Рафаел Антонио Дајаз, историчар и директор на Катедрата за историја на универзитет, експерт за африканска и латиноамериканска култура и ропство, зборуваше за тоа во програмата на каналот Каракол. Соочен со обвинувања за прекумерно насилство врз робови, стручњакот коментираше дека ова било „еден од аргументите со кои Европа го оправдала ропството од Африка до Америка, односно да ги сметаат Африканците како животни, диви, диви, примитивни … цела низа епитети, во однос на квалификации, на предрасудите.

Значи, во најлоша смисла, робовите биле третирани од многу белци како животни, стока, неуки. Тоа беше деградираната слика што колонијалното ропско општество го градеше од робуваните Африканци и нивните потомци. Сепак ова е серија која потврдува дека робовите во “Белата робинка” се само мал примерок од она што всушност се случувало со африканските робови и сите страдања што се случиле во тоа време на 19. век. Историјата мора да се знае за да не се повтори. Благодарение на серијата е прикажано како цела генерација на робови се бореле за да се постигне укинување на ропството – кажа експертот во телевизиската емисија.

Хулиана Бареро, продуцент на новелата ќе додаде дека сè што се рефлектира во серијата е резултат на истражувачка работа која има за цел да го прикаже на најдобар можен начин не само насилниот аспект на ропството кон африканските црнци, но и важноста и културното наследство што тие го оставиле на колумбиската територија.

Таа објасни за гледачите дека теленовелата ја претставува и афро-културата, како што се ритуалните транзиции на адолесцентите, но и ора и музика присутна во тие тогашни групи робови.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!