Оскаровецот Мајкл Кларк Данкан, ѕвездата од познатиот филм „Зелената милја“ почина вчера (понеделник) на 54. година од својот живот. Пред два месеца тој завршил во болницата во Лос Анџелес откако добил инфаркт, тогаш животот му го спасила неговата девојка, но за жал актерот вчера ја изгуби борбата за животот.
Том Хенкс беше еден од многуте актери што изразија жалење за неговата смрт. Освен во „Зелената милја“, Мајкл има глумено и во филмот „Армагедон“, серијата „Два ипол мажи“, а со својот глас даде допринес и во анимираната серија „Семеен човек“. Многуте филмски и телевизиски награди ќе сведочат за неговиот лик и дело. Нека почива во мир.
Chris | ТВ Пакет