Од понеделник до петок во 19.45 часот на Сител телевизија ќе се емитува новата турска драмска сапуница “Азра”, со репризно издание ноќта во 00.15 часот и утредента во 15.15 часот.
Ова е приказна за една млада девојка, чија судбина се спојува со онаа на едно аристократско истанбулско семејство, но и приказна за девојката која ќе мора да се избори со болеста на својот сакан брат.
Азра е млада и паметна девојка, водена од мотото дека најголемо богатство на светот е да имаш дом и семејство, на кои секогаш можеш да се потпреш кога ти е најтешко. Студирала кулинарство во Америка, а во Турција се враќа за роденденот на својот татко, познат ќебапчија.
Но на аеродромот по грешка Азра го заменува својот куфер со куферот на Џенк, богатиот и проблематичен наследник на истанбулската фамилија Челен.
По сплет на околности, Азра се враќа дома, но, таа ноќ се случува голема трагедија која го менува нејзиниот живот. Во ужасна експлозија трагично умира нејзиниот татко Кемал, а маќеата ги брка Азра и нејзиното полубратче Мерт надвор на улица, без кров над глава и без скршен денар.
Мерт има аутизам и неговиот страв и грижи ја плашат и Азра. Но, таа решава да се бори за нејзината и среќата на својот брат. Сосема неочекувано, Мерт ќе исчезне, а Џенк ѝ нуди помош на Азра за да го најдат момчето. Во таа потрага по братот, Азра и Џенк се зближуваат и се заљубуваат еден во друг.
Но, нивната приказна продолжува и во куќата на семејството Челен, каде Азра доаѓа да работи и да се грижи за газдарицата на куќата и баба на Џенк, госпоѓата Фериде.
Синан од “Ќерките на Фазилет” и младата актерка од “Парампарче” овојпат заедно во најновата љубовна приказна за “Азра”. Од понеделник до петок, препуштете се на сетилата и доживејте ја големата романса на “Азра”.
Дани | ТВ Пакет