Истакнатиот македонски писател Александар Прокопиев е објавен во рамки на антологијата на светската хаику поезија насловена „Длабока светлина”, каде се застапени 460 автори од дури 77 држави, и сите хаику песни во изданието се преведени на српски и англиски јазик. Приредувач на антологијата е Дејан Богоевиќ, издавач е Пресинг од Србија.
Прокопиев е застапен со следните хаику песни:
Пет ноќи празен
домот остарел
за цела година.
*
Солза на дланка.
„Чувај се од вода, синко” –
му вели гатачката.
Дани | ТВ Пакет