Новиот канал на Македонската телевизија – МТВ 5 успеа да привлече голем број на гледачи и фанови и покрај тоа што каналот е пуштен во етер неодамна. Содржините се наменети за детската публика, па така покрај ТВ Училница, цртаните серии, Бушавата азбука и детските фестивали кои ги гледаме на МТВ 1, тука се емитуваат и ретро македонски серии, кои се вистинско уживање за потсетување.
Во 10.15 часотнаутро и 18.45 часот попладне се емитува продукцијата на ТВ Скопје од 1984 година – “Случки од животот”.
Се работи за комедија од 60 епизоди so Мите Грозданов, Славица Зафировска, Тодорка Кондова, Бранко Ѓорчев и Кристина Колозова во главните улоги. Ова беше и една од првите серии, дигитализирани од Македонската телевизија пред неколку години.
Веднаш по неа во 10.30 часот и 19.05 часот, се емитува семејниот мјузикл “До Ре Ми”.
После оваа серија сите сакаа да ги исчистат и средат подрумите во зградата за да можат дечињата да имаат свој креативен простор.
Таму се пееја хитовите од детските фестивалчиња, како и песните компонирани специјално за емисијата.
И за крај на играниот блок на МРТ 5, во 11.10 часот претпладне и 19.40 часот попладне ја гледаме “Првите цутови”.
Се работи за серија за млади од 1991 година, режирана од Ацо Алексов.
Дани | ТВ Пакет