понеделник (18 мај 2020) – “Non-fiction” (2018)
Дигиталната револуција ги става на мака писателот и издавачот. Додека се борат да се справат со новите работни навики, се справуваат и со криза на средните години.
вторник (19 мај 2020) – “Two men in town” (2014)
Харви Кијтел, Форест Витакер и Елен Бурстин во француско-американската драма што ја имаше својата премиера на 64-тиот Берлински филмски фестивал. Вилијам Гарнет е поранешен затвореник кој се преминал во исламот.
Барајќи рехабилитација по поминати 18 години во затвор, се спријателува со Емили Смит, офицерката за неговата условна казна, додека шерифот сака да му се одмазди за смртта на својот помошник пред 20 години.
среда (20 мај 2020) – “The happy Prince” (2018)
Оскар Вајлд бил еден од најзборуваните луѓе на крајот на 19 век во Лондон. Неговата слава растела, неговите претстави привлекувале внимание и тоа било така сѐ додека неговиот свет не се превртил и неговото име било неповратно извалкано. Филмот „Среќниот принц“ навлегува во умот на веселиот и позитивен лик за време на неговите најмрачни денови.
Тој ја раскажува приказната на Вајлд откако бил пуштен од двегодишна затворска казна за „вршење одвратни непристојни дејства со одредени машки лица“. Филмот се фокусира на неговото прогонство во Франција и Италија и предизвиците со кои се соочувал додека се обидувал одново да го гради својот живот.
Филип Кројзер, копродуцент на филмот, изјавил дека поголемиот дел од претставите и филмовите за неговиот живот претежно завршуваат со неговото осудување. Идејата да се раскаже приказната за неговите подоцнежни години дојде од Руперт Еверет кој го напиша и режираше филмов, а дополнително и ја толкува главната улога. Овој филм е неговото режисерско деби.
четврток (21 мај 2020) – “Looking glass” (2018)
Брачен пар купува стар мотел во пустина во потрага по нов почеток во животот. Но тоа што отпрвин се чини како совршено бегство набрзо се претвора во возбудлива авантура низ таинствен свет кога Реј (Николас Кејџ) открива двострано огледало и случајно станува сведок на убиство.
Во превртлива игра Реј ќе мора да се избори да се заштити и својата сопруга од гадните тајни поврзани си мотелот и чудните луѓе кои го посетуваат.
Николас Кејџ, Робин Тани и Марк Блукас во американски трилер на Тим Хантер.
петок (22 мај 2020) – “James White” (2015)
Џејмс е проблематичен дваесетгодишник кој се бори да преживее во лудилото на Њујорк. Додека мајка му се бори со тешка болест, тој е приморан на превземе контрола врз својот живот.
Во оваа драма ги гледаме Кристофер Абот, Синтија Никсон, Кид Куди и Макнези Ли.