Почетна / Телевизија / Стартот на А3, сепак од понеделник…

Стартот на А3, сепак од понеделник…

И покрај информациите дека новата телевизија А3 ќе започне да емитува програма од денес (среда), сепак излезе дека малку ќе почекаме за стартот на истата. Имено, главниот уредник на А3, Ацо Кабранов за порталот БезПардон изјавил дека каналот треба да зрачи во етер од понеделник 10.09.2012, на местото на телевизијата BOM, како што веќе откри ТВ Пакет.

 

 

„За почеток почнуваме со вести на BOM телевизија, а веќе од 20-ти септември, целосно ќе се ребрендираме во А3 телевизија. Ќе имаме дебати, најнови серии и филмови, како и шоу програма. Исто така ја враќаме емисијата на Нора „Овде и сега“, која ќе трае еден час. Вестите ќе се емитуваат од Скопје“, вели за БезПардон, Ацо Кабранов.

Тој открива дека телевизијата е регистрирана во Австралија и според нивните закони, 70% од програмата мора да биде со нивна продукција. Останатите 30% ќе бидат на авторските содржини. „Ќе се врати 80% од стариот докажан тим, проверени професионалци од областа на новинарството“, вели Кабранов, додавајќи дека нема да ги емитуваат турските серии бидејќи тоа е веќе видена работа.

„Што се однесува на сопственикот, не знам многу за него. Знам дека има инвестиции во Македонија досега, негово е „Близу“. Мене ме интересира работата и квалитетот на работата“, вели Кабранов.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!