Почетна / Филм / Шпионски трилери и ретро СФ на Телма во филмските термини

Шпионски трилери и ретро СФ на Телма во филмските термини

сабота (23 мај 2020), 22.15 часот – “Todos lo saben” (2018)

Шпански психолошки трилер на иранскиот режисер Асгар Фархади со Пенелопе Круз во главната улога, кој го отвори филмскиот фестивал во Кан во 2018-та. Приказната ја следи Лаура, која живее во Буенос Аирес, и се враќа во родниот град, надвор од Мадрид со своите две деца за да присуствува на свадбата на нејзината сестра.

Сепак, патувањето се претвора во кошмар од неочекувани настани кои ги откриваат сите тајни. Нејзината ќерка е киднапирана, а СМС пораките започнуваат да навестуваат возбудлива игра на нерви и нетрпение.

недела (24 мај 2020), 22.15 часот – “I think we are alone now” (2018)

Откако човечката раса е избришана, Дел е сам на светот. Тој живее во неговиот мал, празен град, задоволен со својата самотија. Сè додека не го открие Грејс, која има најасно минато и мотиви. Питер Динклиџ, ѕвездата на “Game of thrones” во интересен пост-апокалиптичен филм на Телма.

понеделник (25 мај 2020), 23.15 часот – “The Man from U.N.C.L.E.” (2015)

Додека сè уште трае Студената војна, агент на ЦИА, Наполеон ѝ помага на Габи да избега преку Берлинскиот ѕид, во Западна Германија. Откако одвај ќе избегаат од застрашувачкиот оперативец Курјакин и неочекуваниот пресврт на настаните, тројцата ќе мора да ги здружат силите со цел да го спречат таткото на Габи да создаде нуклеарна бомба за приватна криминална организација.

Ова е шпионска трилер комедија, базирана на ТВ серијата со исто име која се емитувала во 60-тите години. Токму затоа и воопшто не изненадува фактот дека филмот беше нетрпеливо очекуван од голем број луѓе. Актерите се одлично одбрани, доближувајќи ни ги ликовите поблиску до нас и создавајќи ни илузија како и ние да сме таму покрај нив.

Од друга страна, хуморот во приказната е бесценет. Постојаното ривалство помеѓу Наполеон и Илја, како и романтичните моменти помеѓу Габи и Илја без сомнение ќе ви ја задржат насмевката во текот на целиот филм.

вторник (26 мај 2020), 23.15 часот – “American honey” (2016)

Стар (Саша Лејн), тинејџерка од проблематична куќа, одлучува да побегне со група на луѓе, каде што продава претплата на магазини, патувајќи по западниот дел на Америка. Во оваа група на тинејџери, чиј член е и Џејк, Стар набрзо го прифаќа и самиот стил на живот, кој подразбира забавување, непочитување на законот и младешка љубов.

Филм за новата генерација млади кој беше номиниран за наградата „Бафта“.

среда (27 мај 2020), 23.15 часот – “The beach bum” (2019)

“Скитникот од плажата” е по режија и сценарио на оскаровецот Хармони Корин кој е познат по успешното остварување “Spring Breakers” со заработка од 32 милиони долари. Метју Меконахи, Снуп Дог, Исла Фишер, Зак Ефрон, Џона Хил и многу други актерски имиња се дел од оваа комедија.

Мундог едноставно не знае да живее без неволји. Некои би го нарекле скитник но тој има слободен дух и свои правила…

четврток (28 мај 2020), 23.15 часот – “2001:A Space odyssey” (1968)

Станува збор научно-фантастичен филм од 1968 година, кој се занимава со тематски елементи на човековата еволуција, технологија, вештачка интелигенција и вонземскиот живот.

петок (29 мај 2020), 23.15 часот – “Kill the irishman” (2011)

Дени Грин кој е обичен работник, незадоволен од работните услови, го превзима синдикатот. Филмот е базиран на вистинита приказна и раскажува за Дени, кој од работник стигнува до опасен гангстер преку борба за моќ како соло играч.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!