Од вечерва (24 мај) во 20.10 часот, Канал 5 телевизија продолжува со емитување на новите емисии од српското шоу “Никогаш не е доцна”. Истовремено, секоја недела, Никад није касно ќе се емитува и во другите земји во регионот.
Првата емисија која ќе се прикаже вечерва е веќе снимена во март и се одвива по утврден концепт на шоуто, како и следната на 31 мај, но веќе во јуни, емисиите ќе се реализираат по строго утврдени протоколи на однесување во пандемија на сите учесници во студиото.
Судиите ќе бидат одделени меѓусебно, а во овој круг ќе се натпреваруваат само српски кандидати. Македонските натпреварувачи продолжуваат од септември.
https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/videos/247947196495109/?t=16
Новите емисии ќе траат до крајот на јуни, но поради ситуацијата со светската пандемија, сезоната на шоуто не завршува тогаш. Од септември, продолжува оваа сезона од шоуто со сите балкански кандидати за кои животот дава втора шанса да го покажат и докажат својот музички талент.
Дани | ТВ Пакет