Дејан Кукриќ, уредникот на Забавно-музичката програма на BHT1, тукушто се вратил од Малме каде што беше одржан состанокот на Референтната група на ЕБУ. Тој вели дека во исцрпните договори се поставиле многу организациски правила и дека наредниот Евросонг ни носи извесни промени.
“Швеѓаните имаат многу интересни идеи, а основната цел им е натпреварувањето за идната година комплетно да го сместат во помали капацитети. Евровизија одгодина ќе се одржи во арената во Малме, која за време на трите евровизиски вечери ќе има капацитет од речиси 10.000 места. Па, не толку грандиозно како што беше да речеме на претходните две изданија на Евровизија. Секако дека Швеѓаните имаат пари за спектакл, но тие тврдат дека не секогаш ќе победуваат богати земји, и за тоа сакаат да ги намалат капацитетите“ – појаснува Кукриќ и истакнува дека повеќе внимание ќе биде дадено на ТВ шоуто, а не на капацитетот на седиштата.
Тој наговести дека можно е да има и промени во системот на пробите и начинот на презентирање на гласовите во големото финале. “Заради полуфиналните проби, делегациите во земјата домаќин на Евровизија остануваат и по 14 дена, што предизвикува навистина големи трошоци. Постои можност престојот на делегациите да биде пократок, а начинот на презентирање на гласовите да биде поинтересен за ТВ гледачите“ – вели Кукрич и додава дека се ќе биде утврдено на следниот состанок на Референтната група кој ќе се оддржи идниот месец.
DarkShadow | ТВ Пакет