сабота (30 мај 2020), 22.15 часот – “Brad’s status” (2017)
Кога Бред Слоан (Бен Стилер) го придружува син му на колеџ на Источниот Брег, посетата предизвикува криза на доверба во оваа слатко-горчлива комедија. Бред има успешна кариера и удобен живот во Сакраменто, каде што живее со својата добродушна жена Мелани и со нивниот музички надарен син Трој, но тоа не е она што го посакувал кога бил на колеџ.
Покажувајќи му го Бостон на Трој, каде што Бред одел на универзитет, тој постојано си го споредува животот со животите на неговите четворица факултетски колеги: холивудска ѕвезда, основач на инвестициски фонд, технолошки претприемач, како и политички аналитичар и познат автор. Замислувајќи ги нивните богати и гламурозни животи, тој се чуди дали некогаш ќе го постигне тоа.
недела (31 мај 2020), 12.15 часот – “Cats & dogs: The revenge of Kitty Galore” (2010)
Злобната мачка, Кити Галор прави злобна завера за да ги покори не само нејзините кучешки непријатели, туку и нејзините сродници, мачките.
Соочени со оваа закана, мачките и кучињата се присилени да се соединат во еден неприроден сојуз во оваа интересна семејна авантура.
недела (31 мај 2020), 20.00 часот – “Со љубов” (2018)
Македонски документарен филм „Avec l’Аmour“, во режија на Илија Цветковски. Приказната го прикажува сонот на професорот пред пензија кој има повеќе од сто половни коли, од кои повеќето не функционираат, но тој секоја вечер спие до нив сонувајќи својата необична колекција да ја претвори во музеј.
недела (31 мај 2020), 22.15 часот – “Happy end” (2017)
Француско германска драма чија приказна се врти околу богатото семејство Лорен, кое води успешна градежна компанија, основана од сега сенилниот поглавар на семејството. Бизнисот сега го води неговата ладнокрвна ќерка Ени, која губи трпеливост со нејзиниот возрасен, но безгрижен син Пјер.
Братот на Ема, Томас го поминува поголемиот дел од своето време, грижејќи се за своите задачи и негодувајќи за љубовните работи, додека неговата 13-годишна ќерка Ив гледа со одвратност кон оние незадоволни луѓе околу неа…
понеделник (1 јуни 2020), 23.10 часот – “Keanu” (2016)
Мало маченце може да биде слатко домашно милениче доколку сопствениците не се опасни криминалци. Во другиот случај, за да го добиеш она што го сакаш, мораш да станеш она од што се плашиш.
Киган Мајкл Ки, Џордан Пеле и Тифани Хадиш во акциниот филм на Петер Атенчио.
вторник (2 јуни 2020), 23.10 часот – “The Conjuring” (2013)
Делото на режисерот Џејмс Ван е направено без оние евтини финти, видени многупати во многу други филмови, туку изобилува со морничавост која доаѓа од неговата приказна. А таа приказна е вистински настан поврзан со брачниот пар Ед и Лорејн Ворен, кои имале доста добар углед како истражувачи на паранормални активности во седумдесеттите години.
Најчесто добро се справувале со своите случаи, но оној на семејството Перон било поинакво од сите други. Патрик Вилсон, Вера Фармига, Лили Тејлор и Рон Ливингстон во хорор филмот, базиран на вистините настани.
среда (3 јуни 2020), 23.10 часот – “Miss Sloane” (2016)
Во ризичниот свет на моќниот политички брокер, Елизабет Слоун е најбараниот лобист. Позната е по својата лукавост и константниот успех, за која што работела се што било потребно. Но кога ќе се соочи со најмоќната конкуренција во кариерата, сфаќа дека цената за победата може да биде превисока.
четврток (4 јуни 2020), 23.10 часот – “Colette” (2018)
Еден роман ќе доживее спектакуларна слава. Читателите ќе го обожуваат без да знаат дека авторот не е оној кој е потпишан на корицата, сè до оној момент кога авторката ќе тргне во борба за рамноправност и револуција во книжевноста. Драма базирана на вистинита приказна за француската писателка Сидони Габриел Колет, која на екраните ја долови британската актерка Кира Најтли.
петок (5 јуни 2020), 22.10 часот – “A royal night out” (2015)
На денот на победата во Втората светска војна, британските принцези излегуваат да прослават. Ноќта ќе биде полна со возбуда, опасност и романси во британската романтична комедија за “Принцезите во животот”.
Дани | ТВ Пакет