Од неодамна, телевизија Алсат го емитува новото кулинарско шоу “1001 оброк”. Секоја недела во 15 часот и 15 минути, имаме можност да видиме интересен начин на приготвување на интересни и необични специјалитети.
– Готвиме и потоа оброците ги подаруваме на интересни и несекојдневни места! Целта ни е да стингме до 1001 оброк до крајот на сезоната – велат од Котиледон продукција.
Марио Јовановски, Бранко и Теа се дел од водителските имиња на оваа ТВ емисија, кои досега подготвија бафало крилца, шведски и арапски јадења, словенечко пиле, виенска шницла, пиле на италијански начин, Киев пилешко, Алфредо паста и шведски ќофтиња, а што следно ќе приготви некој од нив, гледаме секоја недела на Алсат.
Дани | ТВ Пакет