Емилиа Атиас ни ја честита годишнината од независноста
Актерите од хит серијата „Ангели“ постојано испраќаат поздрави до македонските фанови, бидејќи знаат колку се посакувани и популарни во нашата земја. Не постои видео конверзација на која Ангелите не ја спомнуваат земјата на сонцето, а во традиција им прераснаа и честитките за годишнината од независноста на Македонија.
Минатата година повеќе аргентински актери на своите Твитер профили ни ја честитаа годишнината од независноста, а не изостанаа и оваа година. Имено, Турко Наим, сопругот на Емилиа Атиас која е позната како Сиело, вечерва (петок) на својот профил напиша „Feliz dia de la independencia de Macedonia“, а згодната актерка веднаш ја постави истата честитка и на нејзиниот профил.
Chris | ТВ Пакет