Почетна / Филм / „Најдолгиот пат“ и „Како лош сон“ за карантинскиот викенд на Алфа

„Најдолгиот пат“ и „Како лош сон“ за карантинскиот викенд на Алфа

Телевизија Алфа продолжува со афирмација и поддршка на македонската кинематографија и овој, празничен и карантински викенд на почетокот на јуни.

Во сабота (6 мај) и недела (7 мај), во попладневниот термин од 15.30 часот ќе се прикажат репризно македонските филмови, емитувани минатиот викенд. Во сабота ќе се потсетиме на “Преку езерото”, филм на Антонио Митриќески кој зборува за љубовната приказна на Константин и Елена во повоениот период.

Во недела потсетување на историската драма од ’71 година – “Црно семе”.

’Црно семе’ ги има освоено не само најважните награди на фестивалите во тогашна Југославија, туку е и прв македонски игран филм кој учествувал и бил наградуван на интернационални филмски фестивали.

А премиерно следуваат нови два филма.

Во сабота на 6 мај во 20.10 часот ќе го гледате “Најдолгиот пат“ од 1976. година — македонски игран филм по сценарио на Петре М. Андреевски, а во режија на Бранко Гапо и базиран врз вистински настани од почетокот на XX век.

Драма за непокорливоста на македонскиот народ и репресиите кои ги трпел за време на последните години од угнетувањето на Османлиите.

Недела (7 мај) во 20.10 часот, веднаш по централните вести ќе и прикажува “Како лош сон”, базиран на “MME кој прв почна”. Следиме неколку судбини на обични луѓе фрустрирани од нивната околина, оптеретени со трауми од војните, кои доаѓаат во големиот град во обид да го избришат делот од нивниот живот кој наликува на лош сон.

Главниот лик е Шејтан, кого судбината го фрлила во виорот на последните балкански војни. Тој вели: „Убивав, силував, некој друг започна, некој друг рече ‘Да одиме’.” Неговата љубов кон Иконија е прекрасен сон. Друг лик во филмот е Иван, момче на 20тина години кој доаѓа во големиот град по добивањето стипендија. Тој успева да ги избегне војните на Балканот.

Во домот на својот професор, под влијание на дрога и алкохол, Иван ја губи контролата и е силуван. Будењето е болно. Единствено што сака да стори е да се врати дома, во Македонија, кај жената во која е вљубен.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

error: Содржината е заштитена!