сабота (6 јуни), 19.15 часот – Magic in the moonlight (2014)
Магионичарот Стенли заминува во Франција за да разоткрие измама на две видовити жени. Кога ќе се сретнат сите заедно, Стенли ќе сфати дека работите се многу покомплицирани отколку што изгледаат.
сабота (6 јуни), 22.15 часот – The bridges of Madison County (1995)
Филмот „Мостовите на округот Медисон“, базиран на истоимениот роман на Роберт Џејмс Валер со Клинт Иствуд и Мерил Стрип во главните улоги. Драмата нè потсетува на тоа дека љубовта и страста не се нешто што им се случува само на младите. Маестралната улога на двајцата холивудски великани ни прикажува една сосема случајна средба за која се чини дека е судбински предодредена.
Приказната се случува во рурална Америка во текот на 60-тите години, а ја следи Франческа, пожртвувана мајка и домаќинка која во младоста дошла во Америка во потрага по американскиот сон. Сонот никогаш не го пронашла, но затоа средбата со фотографот Роберт се чини како нешто што кај неа предизвикува повторно будење и откривање на себеси. Меѓу нив почнува да се создава нераскинлива врска.
недела (7 јуни), 13.00 часот – Happy feet two (2011)
„Танцот на пингвините 2“ ја враќа публиката во неверојатниот пејзаж на Антарктикот. Мамбл, „мајсторот на тап танцот“, има проблем поради својот мал син Ерик, кој има страв од кореографии. Ерик, кој не сака да танцува, бега и го среќава Моќниот Свен, пингвинот кој знае да лета! Мамбл нема шанси во натпреварот со овој харизматичен нов идол.
Но, работите се влошуваат, кога светот е протресен од моќни сили. Ерик донава за храброста на својот татко кога Мамбл ги здружува пингвинските нации и сите прекрасни суштества, од малите крилови до џиновските морски слонови, за да ги исправат работите.
недела (7 јуни), 20.00 часот – Sherlock: The аbominable bride (2016)
И овојпат, на крајот на 1895 година. Шерлок и Вотсон имаат навидум едноставен случај. Кога убиствата продолжуваат се поставуваат нови прашања. Се самоуби ли невестата или го уби својот сопруг? Дали е стариот непријател одговорот?
недела (7 јуни), 22.15 часот – Argo (2012)
Филмот е снимен според вистинити настани и ја прикажува ризичната тајна операција за спасување на шестмина Американци, која се одвивала зад сцената за време на иранската заложничка криза, а која со децении останала непозната за јавнота. Лажно претставувајќи се како холивудски продуцент кој бара локација за снимање на научно-фантастичен филм, тајниот агент на ЦИА, Тони Мендез, ја почнува опасната операција за спасување на шестмината Американци, кои се скриени во домот на канадскиот амбасадор во Техеран, во 1980 година.
Филмот прикажува фасцинантна приказна за борба за живот која со децении беше непозната за јавноста. Драмата „Арго“ е добитник на три награди „Оскар“.
понеделник (8 јуни), 23.15 часот – The Gallows (2015)
По 20 години од несреќата што ја предизвикала смртта на главниот актер во една средношколска претстава, учениците во училиштето од малиот град повторно ја организираат пропаднатата претстава во обид да ја одбележат годишнината од трагедијата, но на крајот откриваат дека некои работи треба да се остават на мир.
Хорор мистерија со Рис Мишлер, Фејфер Браун и Рајан Шос.
вторник (9 јуни), 23.15 часот – Backtrace (2018)
Единствениот преживеан ќе се спаси од затвор но дали и од опасен експеримент? Велат дека постојат злосторства кои никогаш не ве напуштаат. „Backtrace“ е филмско остварување на режисерот Брајан А. Милер, каде во главните улоги се појавуваат Силвестер Сталоне, Метју Модин и Рајан Гузман. Сталоне глуми локален детектив кој е во потрага по ограбувач на банки.
среда (10 јуни), 23.15 часот – Locke (2013)
Ајван Лок е добар сопруг, посветен татко и успешен во она што го работи. Една вечер добива неочекуван телефонски повик, зад кој се кријат бројни настани што ќе ја разоткријат вистината за неговото семејство, бизнисот и животот.
Том Харди го носи целиот филм на својот грб и додека е единствениот актер кој се појавува во филмот, успева да му даде голема драматичност и од него да направи одличен трилер. Неговата улога е добар пример за минимализам во филмот и покажува колку малку е потребно за тој да биде едноставен, а во исто време тензичен. Овој филм е вистинско освежување. Тој е нешто поинакво од повеќето филмови на кои не навикнала филмската индустрија
четврток (11 јуни), 23.15 часот – The 33 (2015)
Во 2010 година, 33 рудари долги 69 дена водеа безмислосна борба помеѓу животот и смртта. Вистинита приказна за триумфот на човечкиот дух во мигови кога се чини дека нема никаква надеж.
Антонио Бандерас, Жилиет Бинош и Родриго Санторо се водечките актери во оваа американско чилеанска биографска драма за една од најголемите несреќи во Чиле.
петок (12 јуни), 22.15 часот – Ginostra (2002)
Мет Бенсон е агент на ФБИ кој со семејството патува на сицилијанскиот остров Џиностра, за да го реши убиството на клучен сведок. Од тајни до лаги, атмосферата во вилата полека го води семејството Бенсон кон портите на пеколот. Oваа мафијашка драма е во режија на Мануел Прадал, а е во италијанско-француско-американска продукција.
Дани | ТВ Пакет