Почетна / Телевизија / Нова мистерија: Сопственикот на А3

Нова мистерија: Сопственикот на А3

Операторот Blizoo испрати јавен демант до веб-сајтовите ТВ Пакет, Плусинфо и БезПардон во врска објавите за сопствеништвото на А3 телевизија која ќе стартува веќе од понеделник (10.09.2012). Демантот докажува дека ниту самиот Ацо Кабранов, кој е назначен за главен уредник на А3 телевизија, не знае кој е сопственик на истата.

Демант:

“Близу” најостро ја демантира изјавата на Ацо Кабранов, дадена во интервју за веб- порталот БезПардон на 05.09.2012. Според Кабранов, сопствеништвото на новиот ТВ канал А3, наследник на А1 телевизија, е сопственикот на телекомуникацисиот оператор “ Близу”.

Имено, “Близу ДООЕЛ Скопје” e компанија која е во целосно сопствеништво на шведскиот инвестициски фонд “EQT” . На Македонскиот пазар е присутен од Ноември 2011, како резултат на ребрендирањето на Кејблтел ДООЕЛ Скопје ( Оператор кој постоеше од мај 2007).

Шведскиот инвестициски фонд “EQT” досега нема инвестирано, ниту пак има  најава за инвестиции во било кој ТВ канал во Македонија.

 

 

Со почит,
Близу ДООЕЛ Скопје

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!