Почетна / Сапуници / Љубов и тајни во новата вечерна серија на Сител – „Солзите на Џенет“

Љубов и тајни во новата вечерна серија на Сител – „Солзите на Џенет“

За љубителите на турските серии, од понеделник до петок на Сител телевизија во 19.45 часот се емитува новата љубовна драма “Солзите на Џенет”.

Приказната ја следи убавата и скромна девојка Џенет Јилмаз, која била напуштена од нејзината мајка како бебе, а бабата Мукадес се грижела за неа.

Џенет во животот секогаш се борела храбро со сите препреки, копнеејќи по мајчинската љубов која никогаш не ја имала. Сега, Џенет е на последна година од студиите по архитектура, работи напорно за да биде најдобриот студент, да дипломира на време, да најде работа и да го олесни животот на баба си.

На денот на дипломирањето, нејзината богата пријателка и колешка Мелиса ја запознава со својата мајка, госпоѓата Арзу Соер, која на милата Џенет ѝ нуди работа од соништата во нејзината успешна компанија.

Среќна и полна со надеж за подобра иднина, Џенет ја прифаќа понудата. Таму се среќава со Селим Арсој, во кого го препознава пријателот од детството.. Нивната разделба, како и нивното обединување после толку години, е судбоносно – тие препознаваат сродни души и се вљубуваат еден во друг.

Сепак, Мелиса стои на патот на нивната среќа, затоа што е заљубена во Селим целиот свој живот, а за нивниот брак сонува и Арзу. Мелиса никогаш не дозволила друг дечко да влезе во нејзиниот живот, затоа што е длабоко убедена дека еден ден ќе се омажи за Селим, кој има само пријателски чувства за неа.

Опсесијата кон Селим прераснува во љубомора на Мелиса кон Џенет, која по секоја цена е решена да ја тргне Џенет од патот, а во тоа ќе ѝ помага нејзината мајка Арзу. Кога Арзу го открива белегот на грбот на Џенет, идентичен со оној на бебето што го оставила пред 20 години, таа сфаќа дека Џенет е нејзината вистинска ќерка.

Но, лузните од минатото не може да ја разбудат љубовта кон напуштената ќерка, која сиве овие години леела солзи за мајката која никогаш ја нема запознаено.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!