Почетна / Серии / Препорака | Бразилска летна серија на Нетфликс за „Девојките од Ипанема“

Препорака | Бразилска летна серија на Нетфликс за „Девојките од Ипанема“

,,Девојките од Ипанема“ (оригинален наслов : Coisa mais linda) е бразилска телевизиска серија, снимена и продуцирана за Нетфликс. Досега се снимени 2 сезони и вкуно 13 епизоди.

Дејството на серијата е сместено во 1959-та година, а е инспирирано од новиот бран во џезот и во бразилската музика- bossa nova, музиката на која се танцува најпопуларниот бразилски танц- самба и боемскиот живот во Бразил во тоа време. Низ приказните на четири жени – најдобри пријателки, е прикажана нивната желба за самостојност, слобода, непонизност и борба за своите права.

Во серијата е вметната тема и за расната дискриминација, што дејството го зачинува со посебен шмек обработувајќи толку важна тема што е актуелна и ден денес.

Марија Луиза (Малу) е богата девојка од Сао Пауло која се доселува во Рио, каде треба да го најде својот сопруг со кого планираат таму да отворат ресторан. Но, таа него не го наоѓа.. напротив, дознава дека и ја испразнил сметката и ја изневерува. Разочарана и понижена, таа одлучува да застане на свои нозе.

Со помош на црнкињата Аделија, таа се подготвува сама да го отвори тој ноќен клуб. Веднаш по отворањето, ноќниот клуб ,,Coisa mais linda“ станува центар на случувањата во Рио, каде се собира целиот крем на бразилското општество.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во недела се будиме со „Големото американско железничко патување”

Во серијата „Големо Американско железничко патување“ Мајкл Портиљо ги истражува Соединетите Американски Држави тргнувајќи од …

error: Содржината е заштитена!