Почетна / Сапуници / Факти: Аурора

Факти: Аурора



Она што не го знаете за теленовелата “Aurora”

 

Теленовелата е снимена во 2010-та година, настаната според оргиналната приказна на Марсела Ситерија. Иако многумина сметаа дека станува збор за римејк на кореанската сапуница “Ice Girl”, авторот се изјаснил дека сепак Аурора е негово оргинално дело. До сега е откупена во над 15 земји ширум светот. Првата епизода на Телемундо ја гледале 1,36 милиони гледачи, што ја вбројува во премиерите на најгледаните теленовели на Телемундо прикажани во последно време.

 

 

Првата епизода била директно гледана од студијата на Телемундо со целата актерска екипа на чело. Снимена е на локации во Лос Анџелес, Далас, Лас Вегас, Њујорк, Мајами и Чикаго. Важи за една од најлошо оценетите теленовели на Телемундо на IMDB, со рејтинг од 1.2 од можна оцена 10. Теленовелата прими негативни критики од страна на гледачите поради драстичната промена на приказната и лошата глума.

 

 

Главната актерка Сара Малдонадо ја напуштила теленовелата. Нејзиниот лик умира, а нејзиното срце го добива друга жена, која ја глуми Соња Смит (Milagros). Ова е трета соработка на Соња Смит и Хорхе Луис Пила, и втор пат како што глумат како протагонисти. Заедно глумеа во “Acorralada” и успешната теленовела “Donde Esta Elisa”.

 

 

 

 

LucasScott | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!