А3 затворена уште пред да започне?
СРД во четврток (13.09.2012) веројатно ќе ја одземе дозволата за реемитување на австралиската телевизија БОМ која во иднина требаше да биде преименувана во А3, јавува А1он.
На дневен ред веќе се најде точката за преиспитување на начинот на кој оваа телевизија емитува програма во Македонија. Како подносител на иницијативата се појавил извесен П. Николов, кој во преставката до Советот за радиодифузија навел дека дозволата на БОМ треба да биде одземена, бидејќи каналот работел без регистрација, а фирмата сопственик била во банкрот.
Стартот на телевизијата А3 се пролонгира на неодредено време, стои во соопштението на А1он.
Chris | ТВ Пакет