Светот се сеќава на кобниот 11. септември
На овој ден, 11. септември, пред точно 11 години Америка беше нападната од терористичката група Ал Каеда. Беа киднапирани четири цивилни авиони, од кои два успеаја да го срушат Светскиот трговски центар, односно удрија во двете кули „близначки“, симболот на Њујорк. Нападот се случи во 8 часот и 46 минути. Кулата 1 беше удрена од летот 11 на „Американ Елајнс“, а околу 17 минути подоцна се сруши авион и на „Јунајтед Ерлајнс“ во втората кула на Светскиот трговски центар. Третиот авион, летот 77 на „Американ Ерлајнс“ падна на Пентагон во 9 часот и 37 минути, а четвртиот авион, летот 93 на „Јунајтед Ерлајнс“, се сруши во поле во Пенсилванија во 10.03 часот.
Овој настан го измени животот во целиот свет, а Америка ја зави во црно.
Chris | ТВ Пакет