Почетна / Серии / Во име на гледачите, ја прашуваме Алфа: Ќе се прикаже ли „Фитнес“?

Во име на гледачите, ја прашуваме Алфа: Ќе се прикаже ли „Фитнес“?

Пред шест месеци, телевизија Алфа започна со најавување на интересна комична серија. Рускиот ситком “Фитнес” се рекламираше повеќе од еден месец на фреквенцијата на Алфа како би започнал “наскоро”, но од тогаш ни трага ни глас од серијата, а секако и најавата ја снема.

Многу гледачи и фанови на руските ситкоми, се обратија до ТВ Пакет, како влијателен и специјализиран портал во областа на телевизијата со прашања за серијата “Фитнес”. Во име на сите наши читатели, упатуваме јавно прашање до телевизија Алфа:

  • Во време на политика и драмски серии, дали македонските гледачи ќе имаат можност да уживаат во нешто поинакво како комедијата “Фитнес” и кога би започнала серијата со прикажување?

Се надеваме дека одговор ќе добиеме и истиот ќе го пренесеме до оние кои го заслужуваат – читателите и гледачите.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во недела се будиме со „Големото американско железничко патување”

Во серијата „Големо Американско железничко патување“ Мајкл Портиљо ги истражува Соединетите Американски Држави тргнувајќи од …

error: Содржината е заштитена!