Почетна / Телевизија / NBC им приреди шок на Американците

NBC им приреди шок на Американците

Наместо да оддадат почит, тие зборуваа за импланти!

 

Вчера, на 11. септември денот кога Америка се сеќава на ужасниот терористички напад на кулите „близначки“ во Њујорк, телевизиите соодветно им оддадоа почит на жртвите со едноминутно молчење. Но, NBC не го стори тоа.

 

 

Имено, додека утринските програми „Good Morning America“ на ABC и „This Morning“ на CBS молчеа една минута, NBC во својата емисија ја имаше покането мајката на старлетата Ким Кардашијан да зборува за своите први импланти што ги вградила на 23 години.

 

 

Потегот на NBC е остро осуден од целата американска јавност, и оценет како неискусен и срамотен. На социјалните мрежи се бара јавно извинување од телевизијата, а исто така се коментира оти ова е очекуван потег од NBC која во изминатите години прилично ги намалила своите критериуми.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!