Почетна / Серии / Летна попладневна реприза на „Mad men“ на кабловската Нова С
Oд понеделник до петок на Нова С потсетете се на "Момците од Менхетен" во 17 часот

Летна попладневна реприза на „Mad men“ на кабловската Нова С

Сместена во ’60-тите години во Њујорк, секси, високо стилизираната и провокативна серија „Маркетинг директори“ (Mad Man), во продукција на AMC ни ги прикажува животите на суровите и натпреварувачки настроени мажи и жени од маркетинг компаните на авенијата Медисон, свет на бизнисот и суетата во кој главна цел да се постигне уметност во продажбата.


Оваа ТВ серија, која досега има освоено највисоки награди и признанија за телевизиска продукција и за глума, своите приказни и ликови ги гради на тенката линија меѓу лагата и вистината, на привидот и на реалноста. Пред неколку години, се емитуваше на Алфа, потоа и повторно за македонските гледачи на кабловската Нова телевизија со македонски титл. А ова лето, репризно ги следиме “Луѓето од Менхетен”.


Драмата во серијата е испреплетена од конфликтите во светот на парите и од личностите што се главните двигатели на постапките од кои зависи профитот, но и судбината на многу луѓе… Дон Дрејпер е ликот околу кој се вртата сите активности во агенцијата „Стерлинг Купер Адвертајзинг“. Тој донесува важни одлуки и подига и руши соработници, партнери и клиенти во неговата канцеларија, но и во неговата спална соба.


Зад него се постојано младите колеги ајкули кои будно го следат секој негов чекор и внимаваат на секоја негова грешка за да ја заземат неговата позиција. Во таков свет правилата се само параван зад кој, всушност, се одвиваат битки без правила.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во недела се будиме со „Големото американско железничко патување”

Во серијата „Големо Американско железничко патување“ Мајкл Портиљо ги истражува Соединетите Американски Држави тргнувајќи од …

error: Содржината е заштитена!