Конечно, по подолги подготовки, новата верзија на спотот за песната „Шефе” ја здогледа светлината на денот. Култниот хит на „Last Expedition” од втората половина на 90-те, овој пат претставен како „Expedition + пријателите”, е македонско-американско канадска копродукција.
Клавијатурите, миксот и продукцијата се на Давор Јордановски, гитарите на Кире Најдовски, тапанот го удираше Joe Lana Junior, а басот Brad Johnson. Интересниот спот, за вториот живот на „Шефот” го монтираше Благоја Неделковски, според идејата на Енко.
Иако старите верзии на „Шефе (песната и спотот) го имаат култниот статус, актуелниот „Шеф” е Big Boss на 21-от век.
– Се потрудивме новата верзија да биде градска, народска, светска и не знам уште што. Али мислиме дека успеавме у све, а патем речено да не ја оштетиме – велат од штабот на „Последната Експедиција”.
Во спотот учествуваа, меѓу другите: Сецко, Енко, Диме, Влатко, Салпе, Драгче, Сашко, Ленин и Ноќни Волци, Ален, Ева, но и Фриц, Панки, големиот мајстор за коли Аце Флојд и колегите, Ристе Мерцедес, Кристијан Габроски…
Дани | ТВ Пакет