Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) соопшти дека при проверка на начинот на известување на радијата и телевизиите за време на изборниот молк констатираше дека телевизија Телма и телевизија Алсат-М го прекршиле истиот објавувајќи аудиовизуелни материјали за носител на функција во органите на власта кој воедно активно учествуваше во кампањата на еден учесник во изборниот процес.
– Согласно Изборниот законик, за време на изборниот молк, медиумите не смеат да објавуваат какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта, соопшти АВМУ.
Агенцијата најави дека ќе поднесе барања до надлежниот суд за покренување прекршочни постапки против двете телевизии.
Дани | ТВ Пакет