Почетна / Серии / Телма уште еднаш ова лето ќе ве потсети на тимот од „Инсајдер“

Телма уште еднаш ова лето ќе ве потсети на тимот од „Инсајдер“

Уште еднаш, репризно македонската играна серија “Инсајдер” на телевизија Телма. Од понеделник до четврток во 19.15 часот, на местото на Топ Тема, потсетете се на малата новинарска редакција која ги третира сите актуелни предизвици и проблеми со кои се соочува општествотo во нашата земја. Репризите ќе можете да ги погледнете во 10:50 часот наредниот ден, а епизодите од цела недела во сабота од 16:15 часот.

Во серијата, неделникот „Инсајдер“ се занимава со сите актуелни прашања во земјата и надвор: корупцијата и криминалот на сите нивоа во општеството, уништеното јавно здравство, хаосот и незадоволството во образованието, социјалните случаи и бедата на сиромашните, злоупотреби на службената положба, нетолеранцијата и омразата, отселувањето на луѓето, особено на младите, расипништвото со јавните пари, политичките интриги и игри и ерозијата на културните вредности.

„Инсајдер“ ја режираа Игор Иванов-Изи, Вардан Тозија, Дарјан Пејовски и по една епизода Дина Дума и Марија Апчевска. Сценариото го потпишуваат Сашо Кокаланов, Елеонора Венинова и Драгана Лукан. Продукцијата на серијата е на Телевизија Телма и „Слобода филм“.

Главните улоги на медиумски работници им се доделени на познатиот српски актер Светозар Цветковиќ, како и на докажаните домашни имиња како Ирена Ристиќ, Дејан Лилиќ, Јордан Симонов, Силвија Стојановска, Ѓорѓи Нешковски, Горан Ников, Габриела Петрушевска, Ана Стојановска и Сања Арсовска. Во епизодни улоги ќе ги видиме и Васил Зафирчев, Сашко Коцев, Драган Спасов-Дац, Јелена Јованова, Славиша Кајевски и многу други.

Во продолжение уште еднаш потсетете се на ликовите на “Инсајдер” :

Лазар е сопственик на “Инсајдер”, со богато политичко минато исполнето со подеми и падови.

 

Наталија, главен уредник на неделникот, jа интересира само кариерата, и ретко нешто надвор од тоа.

 

Како заменик главен уредник на “Инсајдер”, Тихомир има остро перо и неверојатна преданост кон работата. Неговата долгогодишна новинарска кариера го однесе низ канцелариите на сите значајни дневни и неделни весници во Македонија, но никој тоа не го знае затоа што секогаш пишува под псевдоним.

 

Кристина е дама од високата култура. Секогаш изгледа добро и е одлично облечена. Таа е најмолчаливиот член на тимот, но со цврст и јасен став за сите важни етички прашања.

 

Најамбициозен од редакцијата на “Инсајдер” е економскиот уредник Драган. Пријател на целата бизнис заедница, често се движи во круговите на важни банкари, бизнисмени и останати личности од јавниот живот.

 

Најмладиот член на екипата на е фоторепортерот Антонија. И покрај младоста, таа е еден од водечките фоторепортери кој што секогаш е во сржта на настаните. Таа има проблем со постарите колеги кои мислат дека е преценета и прерано узреана ѕвезда.

 

Врвен новинар и истражувач, Александар е членот кој што секогаш е во потрага по најновата афера. Живее бурен живот исполнет со адреналин, младешки и безгрижно.

 

Мирела е задолжена за интервјуата во “Инсајдер”. Таа има талент да извлече се од соговорникот,па дури и тоа што тој никако не би сакал да го открие. Мирела е самохрана мајка, па фактот дека самостојно ја расне својата ќерка и го отежнува извршувањето на работните обврски.

 

 Дејан е тивок, примерен, исполнителен и физички незабележителен. Под сето тоа се крие многу прониклив и аналитичен член на тимот на “Инсајдер”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во недела се будиме со „Големото американско железничко патување”

Во серијата „Големо Американско железничко патување“ Мајкл Портиљо ги истражува Соединетите Американски Држави тргнувајќи од …

error: Содржината е заштитена!