30 годишниот Алп Навруз го гледавме во улогата на Синан во босфорската драма за “Ќерките на Фазилет”, а сега гледачките повторно уживаат во неговиот заводлив поглед преку главната машка улога на Џенк во турската хит драма „Азра“ .
Џенк е наследник на големото царство на семејството Челен во Истанбул и човек чијашто живот го промени таа девојка, милата и скромна Азра.
Исто како и во серијата, па така и во приватниот живот, актерот добро се снаоѓа во кујната.
Тој е одличен гурман и сака да фотографира сè што подготвува, и очигледно има внимание и за естетиката, затоа што убаво ги послужува своите јадења.
Џенк, односно Алп, често објавува дека гледа филмови и чита книги, што не е ни изненадувачки бидејќи Алп завршил на Техничкиот факултет во Јилдиз, катедра за турски јазик и литература.
Неговиот профил на Инстаграм е полн со фотографии од патувањата, а особено драги му се миленичињата со кои живее и животните кои ги посетува на патувањата.
Освен со актерство, се знаимава и со пливање, фитнес и стрелаштво, а во Турција е познат и по неговите учества во повеќе реклами и ревии како модел.
Дани | ТВ Пакет