Телевизија Телма важи за медиум коj одржува високи стандарди за квалитетна домашна и странска продукција, уште од почетоците на своето постоење.
Познати и помалку познати американски и европски филмови и серии се секогаш дел од програмската шема на оваа телевизија, а за љубителите на мелодрамите, често може да се погледне и нешто квалитетно од тој жанр.
Во 90-тите години беа препознатливи со австралиската сапуница “Home and away”, по што следеa и средношколските авантури во “Sweet Valley High”.
ТВ Телма беше првата телевизија во Македонија која го започна бранот со квалитетни бразилски теленовели, емитувајќи ја вонвременската и популарна љубовна сага за мигрантите во “Нова земја”.
По успехот со Џулијана и Матео, далечната 2002 година, Телма емитуваше и уште една бразилска теленовела. “Страст и копнеж” важи за една од најмаркантните и уникатни приказни за животот на робовите, маркизите и благородниците во 19. век.
По бразилскиот Глобо, следуваа австралиската семејна сага за “Карсонови” …
неколку руски и италијански сапуници, како и шпанските мелодрами “Тајната на стариот мост”, “Бандолера” и “Гранд хотел”.
Изминатава сезона освежување за гледачите понуди и драмата за високата мода во Мадрид – “Велвет”, по што следуваше и емитување на продолжението за “Колекцијата Велвет”.
По завршување на серијалот за “Велвет”, следува добитничка на ЕМИ за најдобра теленовела во светот за 2018-та година. Наскоро на Телма очекувајте ја португалската интригантна теленовела “Ouro verde”. Бидете со нас и први дознајте ја содржината на новата приказна за горката одмазда.
Дани | ТВ Пакет