Очигледно еден од омилените ликови во последните месеци на македонските гледачи е бескруполозната и опасна фам фатал Ендер од турската сапуница “Забрането јаболко”.
46 годишната турска актерка е позната особено и како пејачка во Турција, а потекнува од музичко семејство кое интерпретира фолк-поп музика.
Шевал Шам привлече огромно внимание во пошироката јавност токму со улогата на Ендер, големата дама и досетлива богаташка во хит серијата “Забрането јаболко”…
…а пред да ја снима оваа серија, глумеше главна улога во “Бодрумска приказна”.
Нејзината улога во претходната серија е сосема поинаква од таа на Ендер, затоа што таму е скромна и обична жена, за која интригите не се пат кон славата и богатството.
Како ќе се покаже Ендер во таква улога, гледаме секој викенд на Сител во новата летна ‘посластица’ за една “Бодрумска приказна”.
Дани | ТВ Пакет